Силва сака да замине од „Етихад“, но не сака ни да чуе за Арсенал

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва е подготвен да ги промени боите на дресот. Португлаецот не е задоволен со минутажата која ја добива во таборот на „граѓаните“, а новите засилувања дополнително му го отежнаа престојот во Манчестер.

Еден од клубовите кој изрази желба за услугите на 27-годишникот е Арсенал кој составува тим за враќање на големата сцена, а Артета во напаѓачот ја гледа потребната свежина. „Топџиите“ се подготвени да издвојат и до 50 милиони евра за играчот, со оваа сума се согласува и Манчестер Сити, но и Бернардо Силва.

Португлаецот сака да премине во клуб кој ќе биде конкурентен секоја сезона, а тоа не е Арсенал. Идеален трансфер за португалскиот репрезентативец е Барселона, но со оглед на финансиската ситуација кај каталонците ваков трансфер е невозможна мисија.

Се вчитува...