Силва се збогуваше од ПСЖ, следи трансфер во Челси

Синоќешното финале во Лигата на Шампионите беше последен натпревар на Тијаго Силва во дресот на ПСЖ, откако Бразилецот по осум години во дресот на „светците“ реши да си замине од клубот, одбивајќи ја и последната понуда за нов договор со францускиот првак.

Ова беше мој последен меч за ПСЖ. Тажен сум и им се извинувам на навивачите за овој пораз. Благодарен сум им за љубовта и почитта во сите овие години, еден ден ќе се вратам во Париз во некоја друга функција“, истакна Силва.

Тој ги демантираше гласините дека постигнал договор за преселба во Фиорентина, по што Челси сега е апсолутен фаворит во трката за потпис со Бразилецот. Лампард е во потрага по нов командант на одбраната, а Силва поседува и квалитет и искуство, згора на тоа би бил достапен без никаква отштета, овозможувајќи им на „сините“ да потрошат повеќе пари за засилување на други позиции во тимот.

Се вчитува...