Силверстоун ги објави условите за присуство на гледачи – Ф1 ги враќа навивачите на трибини

На трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун во Формула 1, што е закажана за 18 јули, скоро сигурно ќе можат да присуствуваат навивачи. Услов за присуство е или доказ за вакцинација или негативен „PCR“ тест не постар од 24 часа.

Организаторите сè уште не се сигурни колку луѓе ќе имаат право да ја следат трката во живо. Како што стојат работите сега, од 17 мај Велика Британија ќе може да пополни 25 проценти од своите капацитети, а веќе на 21 јуни, доколку епидемиолошката состојба е поволна, се очекува капацитетот да се зголеми.

Чилниците на престижната трка, заедно со претставниците на Премиерлигата, крикетот и рагби федерацијата, испратија писмо до претставниците на најважните политички партии. Тие бараат постепено враќање на публиката на спортските настани.

„Желбата на сите нас е животот да се врати во нормала што е можно побрзо. Враќањето на публиката е во наш најголем интерес. За да можат сите да бидат безбедни, потребно е секој навивач да има доказ за вакцинација или да биде негативен на „PCR“ тестот. На овој начин, со задолжително растојание, ќе спречиме ширење на вирусот. Ќе работиме со Владата, така што секој може да ужива во исклучителен спортски спектакл“, се вели во заедничката изјава.

Се вчитува...