Раководството на Серија А одлучи првиот натпревар по враќањето на фудбалот во Италија, симболично да се одигра во градот кој беше најзагрозен од пандемијата од коронавирусот, Бергамо.
Калчолигата на програмата ќе се врати на 19. јуни, а првиот натпревар ќе го одиграат Аталанта и Сасуоло. Првично беше објавено дека Серија А ќе се врати на 20. јуни, но челниците на лигата се одлучија за симболичен потег како би им оддале чест на сите луѓе кои ја загубија битката со смртоносниот вирус.
За потсетување Италија е една од најпогодените земја од коронавирусот во Европа, каде досега животот го загубија 33,229 лица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА