Симеоне го загуби трпението – Атлетико го продава светскиот шампион

Диего Симеоне е решен да расчисти со фудбалерите на Атлетико Мадрид кои не ги почитуваат неговите тимски замисли. Прв си замина бразилскиот напаѓач Куња, кој се пресели во Вулверхемптон, Атлетико бара купец и за Жоао Феликс, а следен кој ќе мине низ излезната врата од мадридскиот клуб е Родриго де Пол.

Аргентинскиот играч за врска дојде како големо засилување од Удинезе за сума од 35 милиони евра, но никогаш не се снајде стилот на игра на Атлетико. Симеоне упорно му даваше шанса, но се чини дека на аргентинскиот стратег му дојде преку глава од сонародникот. Последните информации од Шпанија говорат дека Симеоне дал зелено светло за трансфер, па Де Пол веќе во јануари ќе си замине од „Ванда Метрополитано“.

Иако порано имаше интерес и од Челси и од Арсенал, се предвидува дека Де Пол ќе се врати назад во Калчо-лигата. Јувентус подготви понуда од 25 милиони евра, а во трката ќе се вклучи и шампионот Милан, кој исто така се интересираше за овој фудбалер кога си заминуваше од Удинезе.

Се вчитува...