Симеоне има голем проблем – што се случува со Гризман

Шампионскиот тим на Атлетико Мадрид требаше да добие дополнителен квалитет со анажманот на Антоан Гризман во последниот ден од преодниот рок. Диего Симеоне упорно му дава шанса на повратникот во таборот на Атлетико, но барем засега Французинот воопшто не ја користи довербата на тренерот.

Бројките на Гризман се катастрофални, тој беше стартер на последните четири средби во Ла Лига, влезе во игра во второто полувреме во ЛШ против Порто, но на сите овие натпревари нема ниту гол, ниту асистенција. Згора на тоа, Гризман нема упатено ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, што е уште еден доказ за неговата нефункционалност во овој тим на Атлетико.

Загубената самодоверба е очигледна, тој се обидел само на по еден дриблинг на секој од натпреварите во Ла Лига, а има и просечна прецизност при додавањата од 70%. Пресвртот при последната победа над Хетафе се случи откако Гризман беше повлечен од игра, Симеоне повторно му даде шанса против Алавес, но Французинот пак беше потпросечен, а Атлетико го загуби овој меч со 1-0.

Тренерот на Атлетико Мадрид дефинитивно има проблем бидејќи Гризман не ја оправдува неговата доверба. Доколку нешто не се промени наскоро, Французинот ќе се пресели на клупата за резерви, а камбекот во Атлетико ќе се покаже како уште една грешка во кариерата, иста како онаа со преселбата во Барселона.

Се вчитува...