Симеоне: Јас сум виновен за катастрофалната сезона

Атлетико Мадрид кој важеше за претендент за освојување на шампионска титула во Ла Лига има сезона за заборав. „Јорганџиите“ по 14 одиграни натпревари имаат само 24 освоени бода, 13 помалку од лидерот на табелата Барселона.

Говорејќи за медиумите пред почетокот на вториот дел од сезоната тренерот Диего Симеоне вината за лошата игра ја најде во себе, велејќи дека тој е виновен за тоа што не успеал да го извади најдоброто од своите фудбалери.

„Имаме одличен тим во кој играат четворица играчи од финалето на Светското првенство. Можеби јас сум тој кој не знае да го состави тимот за можностите кои ги има. Јас сум тој кој мора да се подобри за екипата да го подигне своето ниво. Најголемиот дел од овие играчи со Атлетико го освоија шпанското првенство. Во мене е проблемот“, изјави деценискиот тренер на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...