Симеоне: Јувентус не примора да патиме, а Роналдо е најдобар во светот

Атлетико Мадрид дојде во Торино со два гола предност, но загуби со 3-0 и доживеа елиминација од Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо уште еднаш беше „крвник“ за составот на Диего Симеоне. Аргентинскиот стратег признава дека италијанскиот првак го заслужил пласманот во следната рунда.

„Јувентус играше подобро, апсолутно не надигра. Ние не бевме толку лоши, но Јувентус не примора да патиме на теренот. Беа фуриозни, конкретни, знаеја да ја освојат таа ’втора топка’. Не мислам дека ни недостигаше карактер, туку едноставно противникот беше подобар. Роналдо е најдобар на светот. Тој игра најдобро токму кога е најпотребно. Виде како направив јас на „Ванда Метрополитано“ и го стори истото во Торино. Сигурно го мислеше истото како и јас“, истакна тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Шпанскиот тим не упати ниту еден директен удар кон голот на Јувентус во текот на целиот меч.

Се вчитува...