Симеоне ќе губи повеќе од милион евра месечно поради коронавирусот

Најплатениот тренер во светот, Диего Симеоне, ќе губи 1,1 милион евра од заработката додека трае паузата во Ла Лига поради коронавирусот. Тој заработува 40 милиони евра годишно или 3,3 милиони евра секој месец, а фудбалерите и стручниот штаб на Атлетико Мадрид се согласија со раководството на клубот да добијат намалување на платите од 30% во овие кризни денови за европскиот фудбал.

Најголемите клубови на Стариот континент се решија на непопуларна мерка, да кратат дел од платите на скапоплатените фудбалери поради енормните загуби што ги трпат во период кога лигите се суспендирани. Клубовите немаат начин како да остваруваат профит, губат милиони поради неодиграни натпревари и од спонзорските договори.

Барселона исто така договори намалување на платите на професионалниот погон, а Реал Мадрид засега одолева на финансиските предизвици.

Се вчитува...