Симеоне може да здивне: Гризман и Суарез го прекинаа голгетерскиот пост

Атлетико Мадрид со два гола во самиот финиш направи целосен пресврт и стигна до трите бода на гостувањето против Милан, а Диего Симеоне може да здивне и поради фактот дека двајцата клучни напаѓачи на тимот, Антоан Гризман и Луис Суарез, конечно ги прекинаа „црните серии“.

Гризман беше без гол, асистенција или шут во рамките на голот во првите шест меча по трансферот од Атлетико, но Французинот се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и го матираше Маињан.

Што се однесува до Суарез, Уругваецот цели шест години немаше дадено гол на гостувањата во ЛШ, но и таа „црна серија“ сега е прекината откако тој го претвори пеналот во 96. минута во победнички погодок за Атлетико.

Се вчитува...