Симеоне му пресуди на Куман, поразената Барса на колена пред Атлетико (ВИДЕО)

Диего Симеоне ја дотолчи судбината на Роналд Куман во Каталонија, оваа вечер Атлетико Мадрид по речиси целосната доминација сосема заслужено го доби големото дерби, победувајќи ја Барса со убедливи 2-0.

Уште во првото полувреме беше решена целата дилема, Томас Лемар во 23-та минута го донесе првото водство за домаќините и предизвика вистинска еуфорија на полните трибини, а ваквиот расплет на настаните уште повеќе ги мотивираше фудбалерите на Сименое, додека „каталонците“ беа во апсолутен транс.

Пред крајот на првото полувреме на сцена стапи и Луис Суарез, Уругваецот во 44-та минута го матираше Тер Штеген и ја обезбеди слатката победа над големиот ривал. До крајот на натпреварот немаше поголеми возбудувања, па Атлетико со оваа победа се израмни со лидерот Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат натпревар помалку.

Со овој пораз Куман е уште поблиску до излезната врата на Барса, а „каталонците“ во овој момент се наоѓаат на 9-то место со освоени 12 бода.

 

 

 

Се вчитува...