Симеоне: Облак за нас е важен како Меси за Барселона

Одличниот голман, Јан Облак беше еден од хероите на Атлетико Мадрид во синоќешниот триумф и елиминација на бранителот на трофејот во фудбалската Лига на шампионите, Ливерпул. Шпанскиот тим славеше со 3-2 по продолженијата и го спречи Ливерпул на патот кон одбраната на титулата. Тренерот Диего Сименоне го потенцираше огромното значење на Облак за неговиот тим,.

„Облак е важен за нашиот тим исто како и Савиќ, Лоди, Фелипе, Феликс. Но, во Облак ние го имаме најдобриот голман на светот, тоа е вистина. За нас тој е важен исто колку Меси за Барселона“ – изави Симеоне на прес конференцијата по големиот успех на неговиот тим.

Атлетико Мадрид имаше минимални 1-0 од првиот осминафинале натпревар, а синоќа во реваншот по 120 минути игра славеше со 3-2 и го доведе Ливерпул од добиена ситуација до елиминација.

 

 

 

 

 

Се вчитува...