Хулијан Алварез ќе продолжи да го носи дресот на Атлетико Мадрид и следната сезона, без оглед на големата желба на самиот фудбалер да се пресели во Барселона.
Аргентинецот стори се за да се избори за трансфер, но ставот на управата од самиот почеток на летово беше дециден – екс-голгетерот на Манчестер Сити не е на продажба.
Алварез се надеваше дека разговорот со Диего Симеоне може да ја промени ситуацијата, па тренерот да даде зелено светло за негово заминување, но аргентинскиот стручњак со својата последна изјава стави крај на оваа трансфер-сага.
„Кога првиот човек на клубот ќе излезе со така цврст став, се е повеќе од јасно. Алварез останува, како што се вели на суд, веќе нема никаков сомнеж“, истакна Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
