Симеоне: Уживавме во натпреварот, оваа победа беше за навивачите

Атлетико Мадрид го доби дерби натпреварот на осмото коло во Ла Лига откако славеше со 2-0 над Барселона со головите на Трипиер и Суарез во првото полувреме. Со оваа победа „јорганџиите“ ја продолжија трката за првото место на табелата со градскиот ривал Реал Мадрид.

По натпреварот предводникот на мадридскиот клуб, Диего Симеоне не го криеше задоволството од новите три бода, а се осврна и кон преполниот „Ванда Метрополитано“.

„Одигравме добар натпревар во кој не се мачевме, па дури и уживавме. Бевме добри во транзиција, а одлично фукнциониравме и во одбраната каде ги затвориме сите „врати“. Игравме онака како што сакавме и затоа стигнавме до многу важна победа. Беше прекрасно што повторно игравме пред полн стадион. Уште кога доаѓавме со автобусот видовме дека има многу повеќе навивачи кои година и пол ги немавме видено во толкав број. Луѓето пееја во текот на целото прво полувреме и тоа беше фактор за тоа како одигравме. Ова е победа за нив“, изјави Симеоне.

Се вчитува...