Симиќ и Барселона газат во Евролигата – без пораз на првиот „Некст-ген“ турнир (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Теодор Симиќ и неговата Барселона се пласираа на завршниот турнир на Евролигата за играчи до 18 години откако во финалето од првиот квалификациски турнир кој беше одигран во Валенсија, славеа над Хувентуд со убедливи 79-55.

Нашиот млад центар одигра одличен турнир, a финалниот натпревар го заврши со 12 поени и реализација 5/11 од поле и 2/3 од линијата за слободни фрлања. Покрај тоа додаде и пет скока од кои два под противничкиот кош, како и една асистенција.

На четири одиграни натпревар на овој турнир, македонскиот бисер забележа просек од осум поени и 4.5 скока по натпревар за нешто повеќе од 16 минути.

Се вчитува...