Симиќ: Жалам што никогаш не заиграв за Вардар да ја урневме со Комити салата во Скопје

Црногорскиот репрезентативен голман, Небојша Симиќ (33), е главна тема во европските ракометни кругови по неговиот спектакуларен настап на завршниот турнир во Европската лига. Искусниот чувар на мрежата со серија феноменални одбрани речиси сам го водеше својот Мелсунген до престижниот пехар.

Тој во разговор откри дека му е криво што никогаш не заиграл за двократниот европски шампион Вардар.

„Двапати имав понуда да дојдам во Вардар. Првиот пат уште кога бев во Ловќен, но тогаш бев навистина потценет, добив понуда за некаков стипендиски договор. Вториот пат ме викаа кога Дејан Милосављев потпиша за клубот, но тогаш веќе настапував во врвна форма во Мелсунген и немаше шанси да ме пуштат во Скопје. Навистина ми е жал што ништо од ова не се оствари, зашто ако се залетав кон оние 6.000-7.000 навивачи сигурно ќе се урнеше кровот од салата“, кажа Симиќ.

Се вчитува...