Симона Халеп убедливо до трето коло на Австралија опен

Симона Халеп на убедлив начин обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен откако во втората рунда славеше над бразилската тенисерка Беатриз Хадад Маја со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 6-0.

Вистинска сензација приреди Французинката, Ализ Корне која славеше над Гарбиње Мугуруза со 2-0 (6-3 и 6-3). Пласман во третата рунда обезбедија и Ига Швјонтек, Арина Сабалјенка, како и Црногорката Данка Ковиниќ која беше подобар од шампионката на УС опен, Ема Радучану.

 

Се вчитува...