Симоне Инзаги претставен во Интер – „Цел е одбрана на титулата во Серија А“

Италијанскиот шампион Интер денеска го претстави Симоне Инзаги за нов тренер во клубот. Стратегот кој до минатата сезона успешно го водеше Лацио вели дека цел на клубот е одбрана на титулата во Серија А и што подобар пласман во Лигата на шампионите.

„Мотивиран сум и полн со ентузијазам за овој нов предизвик во кариерата. Имам добро чувство за сезоната и полн сум со самодоверба. Наша цел ќе биде одбрана на титулата во Серија А и што подобар пласман во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да го задржиме костурот на екипата од минатата сезона и да ги оствариме главните зацртани цели“, изјави Инзаги. 

 

 

Се вчитува...