Симоновски стрелец во триумфот на Волунтари (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Марко Симоновски запиша погодок во триумфот на Волунтари од 3-0 против Академија во 3. коло од плеј-аут разврската во романскиот шампионат.

Симоновски постигна убав погодок со глава во 21. минута од средбата најавувајќи ја победата на домашниот тим.

Со автоголот на Сантош во првиот дел Волунтари дојде до предност и од 2-0, а конечните 3-0 ги постави Тудорие во 76. минута.

Се вчитува...