Симов: Чест и задоволство, но и голема обврска е да се биде тренер на Вардар

Македонскиот стратег, Горан Симов ќе има за задача да го врати најтрофејниот македонски клуб Вардар во Првата лига. Како што вели тој голема чест и задоволство, но и обврска е да се води најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.

„Голема чест и задоволство е да се биде на клупата на Вардар, но и обврска. Имам задоволство да работам со луѓе со кои имам играно во Вардар. Не чека тешка и голема работа. Втора лига Запад сезонава ќе биде далеку поквалитетна и потешка од Исток. Најголем конкурент за првото место ќе ни биде Силекс клуб на кој сум му благодарен за шансата која што ми ја даде. Сепак во моментов нема простор за емоции и главна цел е да го вратиме Вардар таму каде што му е местото“, вели Симов. 

Како што најеви младиот стратег, подготовките на Вардар ќе почнат на 7. јули во тренинг центарот во Хиподром. На 23. јули тимот заминува за Охрид каде што ќе ги одработи базичните подготовки за новата сезона. Околу ростерот на тимот за новата сезона, Симов вели дека точно ќе се знае некаде за седум дена.

Се вчитува...