Симов: Судијата можеше да свири и шест пенали, не можам да тврдам дека топката не излезе од теренот за победничкиот гол

Одличен натпревар во Кратово ни приредија Силекс и Работнички во 9. коло во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци во луда завршница стигнаа до триумф од 4-3. По мечот од скопскиот тим се жалеа дека победничкиот гол на домашниот тим бил нерегуларен бидејќи топката излезе од теренот. Тренерот на кратовци Горан Симов искрено вели дека по мечот кога видел фотографии вели дека не може да тврди дека топката останала во теренот.

„Да бидам искрен не можам да тврдам дека топката не излезе. Во фудбалот се случуваат грешки, а овојпат беше во наша полза. Искрено главниот судија на мечот ако сакаше можеше да свири и шест пенали. Без никаков проблем можевме да добиеме уште три пенали на натпреварот, бидејќи навистина моите фудбалери беа фаулирани. Веројатно и сами сме виновни што се доведовме до ситуција во 94. минута да дојдеме до победа. Имавме предност од 2-0 и бевме далеку подобар противник од Работнички. На крајот морам да кажам дека Силекс е тимот кој игра најубав фудбал годинава во ПМФЛ. Нашите натпревари се прекрасни за гледање и секогаш носат многу возбудувања“, изјави Симов за ЕКИПА.МК. 

Следниот предизвик за тимот од Кратово е куп натпреварот против Кожув Гевгелија кој на програмата е во среда во 14:30 часот.

Се вчитува...