Симов: Прволигашкото искуство беше пресудно…Димитковски: Заморот се почувствува

Силекс успеа да го задржи шрволигашкиот статус, победувајќи го Тиквеш со 3-2 во бараж мечот за пополнување на елитната конкуренција. Во Ѓорче Петров, во возбудлив дуел, кратовци сепак успеаја да го наметнат своето искуство против второлигачот од Кавадарци.

„Искуството веројатно беше пресудно за победата. Одигравме квалитетен натпревар. Имавме одличен старт, можевме да дадеме уште неколку гола во првиот дел. Но, потоа како да се задоволивме и го покажавме тој балкански менталитет. Моравме да се бориме до крајот грчевито за победата“, изјави Горан Симов.

Тренерот на Тиквеш, Љупчо Димитковски, вели дека заморот се чувствувал кај неговиот тим. Кавадарчани пред три дена имаа второлигашка бараж – пресметка со Лабуништа.

„Фудбалерите на Силекс беа многу посвежи, имаа десет дена целосно да се подготват за овој бараж. Ние пред три дена имавме тежок натпревар против Лабуништа. Сепак, Тиквеш иако не успеа, не загуби многу, туку го доби потребното искуство. Сакам да се заблагодарам на сите кои оваа сезона беа дл од бајката на Тиквеш и верните „Лозари“ кои несебично не бодреа“, изјави Димитковски.

Се вчитува...