Симов: Силекс е фаворит против Беласица, но воопшто нема да биде лесен меч

По паузата поради репрезентативните настапи, Силекс ќе ја пречека струмичка Беласица во меч од 12. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Тренерот на кратовци Горан Симов вели дека и покрај тоа што неговиот тим влегува како фаворит во мечот, Беласица покажа дека е тим кој може да изненади.

„Ние сме фаворити, но последните случавања со повредите не ни одат во полза. По поразот од Ѓорче Петров имавме мал немир во тимот. Сепак добро ни дојде репрезентативната пауза, во која имавме доволно врерме да се опоравиме. Најважно како и на секој меч е да  дадеме максимум, па по мечот ќе коментираме дали сме одиграле добро или не. Беласица нема да дојде да се предаде. Одиграа одлично во струмичкото дерби и покажаа дека се екипа кој знае да биде многу незгодна. Не смееме да се опуштиме и треба максимално да влеземе во натпреварот“, истакнува Симов. 

Натпреварот кој ќе се игра на градскиот стадион во Кратово е закажан за во недела во 13 часот.

Се вчитува...