Симултанка на Димитријевиќ: Девет поени за седум минути против Уникаха (видео)

Ненад Димитријевиќ во голем стил го почна денешниот дуел меѓу Хувентуд и Уникаха, инспирирајќи го својот тим до двоцифрена предност во раната фаза од мечот. Македонскиот репрезентативец беше фантастичен на самиот почеток, во првите седум минути постигнувајќи девет асистенции, “зачинети“ со две асистенции и еден скок.

Шпанската Ендеса-лига на официјалниот твитер-канал експресно објави видео со одличниот настап на македонскиот плејмејкер…

Се вчитува...