Симултанка на Вајли против Уникаха

Натурализираниот македонски репрезентативец Џејкоб Вајли одигра неверојатен натпревар во победата на неговата Сарагоса од 78-101 на гостувањето кај Уникаха. Гостите уште од самиот старт го контролираа натпреварот и не му дозволија на домаќинот во ниту еден период да се понадева дека може да дојде до поволен резултат.

Вајли го заврши натпреварот како најефикасен на теренот со уфрлени 24 поени, надополнети со пет скока и три асистенции за скоро 23 минути игра.

 

 

 

Се вчитува...