„Син ми ќе го крстам по тебе и ќе го тепам секој ден“

Интересна анегдота раскажа кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Џеј Џеј Редик, издвојувајќи ситуации во кои бил навредуван од фановите ширум салите во САД, но дека еден меч ќе памети цел живот.

„Сето ова се случи на еден натпревар. Излегувам на загревање, а некој држи голем транспарент на кој пишува „Џеј Џеј Редик ја пие сопствената урина.“ Урнебесно. Веднаш до тој транспарент стои знак на кој имам однос со својата дванаесет годишна сестра. Беше тука и група на студенти кои имаа специјално направени маици на кои стои моја фотографија и под неа пишува „Џеј Џеј Редик, ќе го крстам син ми по тебе и ќе го тепам секој ден.“ Покрај сево ова на истиот меч ме наередува и сопственикот на НФЛ тимот на Балтимор Ревенс, а јас цел меч играм добро и само им возвраќам. На крајот шутирам важни слободни фрлања, а цела сама ми скандира „Е*и се Џеј Џеј“. Сето ова ќе повторам се случи само на еден натпревар“, изјави Редик. 

Искусниот кошаркар веќе четиринаесет години е дел од НБА лигата. Во моментов е член на Њу Орлеанс, а претходно во кариерата настапуваше и за Орландо Меџик, Милвоки Бакс, ЛА Клиперс и Филаделфија 76.

Се вчитува...