„Син ми пред четири месеци ми кажа: Тато, Новак и Кирјос играат финале на Вимблдон“

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ е импресиониран од играта на Ник Кирјос во финалето на Вимблдон. Српскиот тенисер до седмата титула на неофицијалното светско првенство во тенис стигна откако славеше над Австралијанецот со 3-1 (4-6, 6-3, 6-4 и 7-6).

Тој по мечот изјави дека неговиот син Емануел уште пред четири месеци му кажал кои ќе бидат двајцата тенисери кои годинава ќе играат во финалето на Вимблдон.

„Интересна работа е дека мојот син, кој има 15 години и игра тенис пред четири месеци ми кажа дека Новак и Кирјос ќе играат финале на Вимблдон во четири сета и дека Новак ќе го освои. Можеше да отиде во обложувалница и да им ги собере парите“, изјави Иванишевиќ. 

Се вчитува...