Синдрит Гури си замина од Шкендија

Синдрит Гури повеќе не е дел од Шкендија. Офанзивецот на тетовци си заминува од клубот по крајот на договорот со тетовските „црно-црвени“.

28-годишниот албански напаѓач беше под договор со Шкендија до крајот на европските настапи ова лето, па сега како слободен фудбалер заминува од клубот.

Според најавите, Гури најверојатно ќе се врати во албанскиот шампионат, во редовите на Партизани Тирана.

Се вчитува...