Јаник Синер не дозволува враќањето на допинг-скандалот по жалбата на ВАДА да влијае врз неговата форма, па првиот светски рекет лесно и убедливо стигна до полуфиналето на Мастерс-турнирот во Шангај.
Дуелите меѓу него и Данил Медведев вообичаено биле интересни и неизвесни, но тоа денеска не беше случај, Синер целосно доминираше на теренот и лесно славеше со 2-0 во сетови. Италијанецот тргна моќно, набрзина поведе со 3-0 во гејмови и го доби првиот сет со убедливи 6-1. Во вториот беше израмнето само до 2-2, по што Синер повторно прв стигна до брејк. Медведев имаше шанса да се врати при 5-4 и сервис на Синер, Русинот не искористи брејк шанса по што првиот носител го доби гејмот за конечн 6-1, 6-4.
Ова беше седми триумф на Синер во последните осум дуели со Медведев, откако рускиот тенисер имаше перфектни 6-0 на првите шест меча со италијанскиот ас.
Противник на Синер во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Алкараз и Мачак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА