Јаник Синер продолжи со добрите игри на турнирот во Пекинг, а по рутинската победа над Чехот Лехечка првиот светски рекет повторно говореше за големиот допинг-скандал во кој е вклучен.
Допинг-комисијата на АТП реши да го помилува Италијанецот оценувајќи дека позитивниот допинг тест се должел на случајни и ненамерни околности, но светската антидопинг комисија ВАДА реши да поднесе жалба на ваквата одлука, враќајќи го случајот на повторно одлучување.
„Многу ноќи не спиев поради допинг-скандалот. Ова е многу деликатна ситуација, воопшто не ми се допаѓа. Сакам само да повторам дека не направив ништо лошо. Многу сум рзочаран што повторно сум во истата ситуација и знам дека нема да биде полесно како што ќе одминува времето. Се што ми останува е да останам сконцентрирам кога сум на теренот и да играм најдобро што знам, добро е што ја имам поддршката на луѓето околу мене“, изјави Синер.
Доколку биде прифатена жалбата на ВАДА, италијанскиот тенисер ќе добие суспензија од една до две години од тениските турнири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА