Синиша Михајловиќ е позитивен на коронавирус!

Непријатни вести стигнуваат од Апенинскиот полуостров, откако беше обелоденето дека Синиша Михајловиќ е позитивен на Covid-19. Српскиот стратег пред неполна година успеа да ја добие битката со леукемијата, полека но сигурно му се враќаше на нормалниот живот, за денеска да биде објавено дека тој се заразил од коронавирус.

Информацијата ја потврдија и од раководството на Болоња, кратко информирајќи дека тој нема симптоми, но дека наредните две седмици ќе ги мине во изолација.

Михајловиќ по борбата со леукемијата се наоѓа во ризичната група на заболени од коронавирусот, а останува само надежта дека српскиот стручњак ќе излезе како победник и од битката со коронавирусот.

Се вчитува...