Синиша Михајловиќ нов тренер на Спортинг Лисабон?

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ е најсериозен кандидат за клупата на португалскиот клуб Спортинг Лисабон, чиј член е македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. По лошиот финиш на сезоната и хаосот со навивачите, Жорге Жесус си замина од Лисабон, а и поголем дел од првотимците одлучија да си побараат нова средина. Засега Ристовски останува во тимот, а Србинот Михајловиќ би можел да биде негов нов тренер.

Последната станица на Синиша Михајловиќ беше италијанскиот калчолигаш Торино, од каде доби отказ на полусезоната во Серија А.

Се вчитува...