Синоќа ја загубија титулата, а сега ќе добијат тужба!

На суд би можеле да завршат Челси и Манчестер Сити, во битка околу тренерот Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот од Стемфорд Бриџ планира официјална жалба и потенцијална правна постапка против Сити поради начинот на кој италијанскиот тренер го напушти Челси претходно оваа година.

Марсека ненадејно ја напушти клупата на Челси на средината на сезоната, и сега е главен кандидат да го замени Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“.

Во Челси веруваат дека контактите со Сити сериозно го дестабилизирале тимот и ја уништиле сезоната на лондонскиот клуб. Наводно Марсека ги информирал челниците на Челси дека преговара со Сити, а оваа ифнроамција никогаш не била демантирана.

Затоа сега Челси е подготвен да бара финансиска отштета од Сити, но и да го отвори прашањето за околностите под кои Италијанецот го напуштил клубот.

Ова е сериозен удар за тимот на Сити, кој синоќа ја загуби титулата откако не успеа да го совлада Борнмут, а дополнително тимот ќе остане и без менаџерот Пеп Гвардиола кој заминува на крајот на сезоната.

Се вчитува...