Синот на Алекс Фергусон ниту блиску до неговиот татко – сменет четврти пат од истиот клуб

Дарен Фергусон, син на легендарниот шкотски менаџер Сер Алекс Фергусон, е отпуштен од функцијата менаџер на Питерборо Јунајтед. По поразот од Блекпул (2:1), тимот падна на последното место во Лига Еден (третото ниво на англискиот фудбал), по што следеше непосредна реакција.

Директорот на клубот, Мекентони, издаде соопштение во кое ја потврдува разделбата на двете страни.

„Донесов одлука да го раскинам договорот со Дарен Фергусон по денешниот натпревар. Ова не беше лесна одлука, но мислам дека е донесено вистинско решение за клубот, се вели во соопштението, во кое се додава:

„За мене, тој е најголемиот менаџер во историјата на клубот и секогаш ќе го сметам за дел од моето семејство. Има премногу прекрасни моменти за да се набројат, но тие многу историски прослави ќе ги негувам и ќе ги паметам засекогаш.“

Фергусон со тоа  го напушти клубот по четврти пат, кој првпат го презеде во 2007 година.

Се вчитува...