Синот на Дрогба по стапките на неговиот татко

Синот на Диде Дрогба, еден од најдобрите напаѓачи кои чекореле на терените во Премиер – лигата, Исак Дрогба, по стапките на неговиот татко ќе ја гради фудбалската кариера. Исак стана нов член на академијата на францускиот прволигаш Гингамп, клубот во кој пред 16 години играше и екс-фудбалерот на „сините“.

17-годишниот фудбалер игра на позицијата напаѓач, исто како и Дрогба сениор, а претходно беше член на фудбалската академијата на Челси.

Дидие Дрогба го носеше дресот на Гингамп во периодот од 2002 година до 2003, за кои постигна 23 погодоци на 49 натпревари, пред да се пресели на „Велодром“ во редовите на Олимпик Марсеј.

Се вчитува...