Синот на Негреира имал право на глас на изборите за претседател на ФК Барселона

Синот на поранешниот шеф на судиската комисија на Ла Лига, Хозе Марија Негреира, Хавиер Енрикез Ромеро, при сослушувањето од властите признал дека „е член на Барселона од 15-годишна возраст“.

Ова се случи во текот на истрагата на даночните власти, кои утврдија редовни плаќања од една од неговите сметки, што одговараше на претплатата на клубот, која ја плаќаат сите поддржувачи на клубот со право на глас при изборот на претседател.

Пред само неколку дена стана јасно дека и Енрикез Ромеро признал уплати од Каталонците во износ од 100.000 евра, кои се однесувале на набавка на автомобил, кој ќе го возат судии на натпреварите на Барселона за време на нивниот престој во тој град. Ова се дел од трошоците кои ги прикажал како трошоци на компанијата, а кои сакал да бидат одбиени од данок.

„Случајот Негреира“ е можеби најголемиот скандал во светот на фудбалот во моментов, а се уште е предмет на истрага на локалното обвинителство, даночните власти на земјата и УЕФА. Барселона веќе е обвинета за континуирана корупција во светот на спортот.

Се вчитува...