Синот на Роналдињо на проба во Барселона – погледнете ги мајсторските потези (ВИДЕО)

Синот на бразилската легенда Роналдињо, 17-годишниот Жоао Мендес де Асис Мореира наскоро би можел да потпише за шпанскиот гигант Барселона каде од неодамна е на проба. Претседателот на каталонците, Жоан Лапорта во синот на поранешниот играч на тимот гледа голем потенцијал и можен првотимец.

Тој настапува на напаѓачката позиција и веќе има прволигашко искуство настапувајќи за бразилски Крузерио. Интересно, Мореира долго го криел идентитетот бидејќи не сакал да има предност во однос на другите соиграчи поради славниот татко. Скромноста сега му донесе шанса да тргне по неговите стапки.

Се вчитува...