Синовите му изедоа ќотек, Душебајев полуде, па доби црвен картон (видео)

Вечното полско дерби меѓу Висла Плоцк и Киелце секогаш изобилува со жестоки стартови, но Талант Душебајев ги загуби нервите откако во само неколку минути неговите синови Алекс и Дани беа удрени од противничките ракометари.

Тренерот на Киелце полуде откако Дани Душебајев со помош на соиграчите мораше да го напушти теренот, барајќи казна за играчите на Висла.

Наместо тоа, делегатот реши да го санкцниора тренерот на Киелце, кој уште повеќе збесна, па на крајот заработи и црвен картон, па продолжението од големото дерби ќе мора да го следи од трибините.

Се вчитува...