Погледите на фудбалската јавност во текот на вчерашниот ден беа насочени кон Лондон и доделувањето на „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер за 2026 година.
Светската елита беше собрана на едно место, но не и Лео Меси, кој реши да остане во САД и да му посвети внимание на семејството. Така, додека фудбалските суперѕвезди пристигнуваа на црвениот тепих во Лондон, на социјалните мрежи се ширеа видеа од Меси како „лабаво“ го следи настапот на својот син на турнирот за играчи до 12 години.
Турнирот се вика „Меси куп“, се одржува во Мајами и традиционално собира таленти и младински екипи од сите страни на светот. Синот на Лео настапува за У12 екипата на Интер Мајами, а Аргентинецот реши д го мине времето со семејството наместо да патува во Европа.
Лео Меси го освои петтото место во гласањето за „Златна топка“, зад Кејн, Мбапе, Јамал и Родри.
🚨| Lionel Messi skipped the Ballon d’Or ceremony to attend his son’s game. Family man now 😁❤️ https://t.co/bmuHGA70yB
— Winna F.C. (@WinnaFC) October 26, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
