Сите го чекаа во Милано, а Видал се појави на тренинг на Барселона

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал е пред трансфер во Интер, но потписот на одличниот играч за врска очигледно ќе задоцни уште неолку дена. Во текот на вчерашниот ден, сите очекуваа Видал да пристигне во Милано на лекарски прегледи, а тој се појави на тренингот на Барселона.

Причината е одолговлекувањето со заминувањето на дефанзивецот Диего Годин од Интер во Калјари. Уругваецот треба да замине од „Џузепе Меаца“ и да се отвори место за друг фудбалер кој доаѓа од земја надвор од ЕУ. Поради тоа и заминувањето на Артуро Видал за Италија е одложено за неколку дена.

Се вчитува...