Сите го сакаат Икарди – Челси подготви 100 милиони фунти

Мауро Икарди веќе прерасна во фудбалска „ѕвезда“, па асот на Интер неслучајно се поврзува со мегатрансфери во најголемите европски клубови.

Баерн Минхен внимателно го следи Аргентинецот како евентуална замена за Роберт Левандовски, Арсенал веќе извесно време е во комбинација, а сега во трката се вклучува и Челси. Последните информации од Англија говорат дека лондонскиот клуб сака да го доведе Икарди и да го формира моќно напаѓачко дуо заедно со Алваро Мората. Челси работеше „во плус“ во изминатиот период, па Роман Абрамович може да си дозволи да плати 100 милиони фунти за да го доведе Аргентинецот на „Стемфорд бриџ“.

Ставот на Интер е дека капитенот не е на продажба, но сумата што би ја платил Челси би можела да го промени мислењето на „нероаѕурите“, особено доколку самиот фудбалер почне да инсистира на заминување од „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...