Сите му се поклонуваат на неверојатниот Дончиќ – „Не те заслужуваме“

Лука Дончиќ имаше уште една неверојатна партија во НБА лигата. Тој со тројка со звукот на сирената донесе триумф за Далас Маверикс против ЛА Клиперс и израмнување на 2-2 во четвртфиналната серија во Западната конференција во НБА лигата.

По натпреварот колегите не останаа рамнодушни на партијата на младиот Словенец. Зборови на поддршка доби од Леброн Џејмс, Стеф Кари, Бредли Бил, а најоригинален беше Двејн Вејд кој на кратко само напиша „Ние тебе не те заслужуваме“.

 

Се вчитува...