Сите на аеродром да ги пречекаме шампионите: Организиран превоз до „Александар Велики“

Европскиот ракометен шампион Вардар утре, околу 11.15 часот, со лет од Дортмунд треба да пристигне во Скопје, а фановите ќе можат да ги пречекаат и да ги поздрават на аеродромот „Александар Велики“. Ќе има организиран превоз од неколку локации во Скопје, по што навивачите ќе можат да стигнат на посакуваната дестинација на првата дружба со своите ракометни херои.

Термините и локaциите на тргнување на автобусите се следни:1. Ѓорче ПетровТргнува од Црква „Св. Петар и Павле” во 09:30 часот, со застанување на следните локации:- City Mall,- Хотел Карпош (наспроти Хотел Карпош кон центар) и- Македонски Пошти.

2. Кисела ВодаТргнува од почетен Терминал на линија 24 во 09:30 часот, со застанување на следните локации:- Општина Кисела Вода,- Транспортен Центар (Бензинска пумпа Макпетрол) и- Алкалоид (Автокоманда).

3. АеродромТргнува од Т.Ц. Скопјанка (пред Тобако 2) во 09:30 часот, со застанување на следните локации:- Т.Ц. Бисер,- Пошта (Ново Лисиче),- ФФМ (Ново Лисиче) и- Слаткарница Шарлота (автопат на излез од Маџари).

Ракометарите на РК Вардар се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ утре во 11.15 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.

Оттаму шампионите на РК Вардар ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.

Во 13 часот се очекува ракометарите на РК Вардар да пристигнат на плоштадот, преку Порта „Македонија“.

Се вчитува...