Сите навиваат за Македонија, ама од дома!

Фудбалската репрезентација на Македонија има скромна поддршка од трибините на мечот против Гибралтар. Ова е решавачки натпревар за освојување на првото место во групата од Лигата на нации, отвора место во плејофот за пласман на Европското првенство во 2020 година, но на трибините на арената „Филип Втори“ има едвај илјада гледачи. Сите навиваат за Македонија, ама од дома!

Можеби Гибралтар не е селекција од највисок ранг, тоа е една од најслабите селекции во Европа, но еднаш веќе конечно македонските навивачи треба да дојдат на стадион и да ги поздрават македонските репрезентативци. Тоа е првиот чекор за создавање победничка фудбалска атмосфера.

По првото полувреме од последниот меч од групниот сегмент во Лигата на нации, Македонија има водство од 1-0 против Гивбралтар, со прекрасниот гол на Енис Барди во 27.минута.

Се вчитува...