Фудбалерите на актуелниот светски шампион Аргентина со победа над Алжир од 3-0 ја стартуваа одбраната на титулата во меч од Ј групата од Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико. И повторно, по којзнае кој пат во прв план беше Лионел Андрес Меси кој ги постигна сите три гола за неговата репрезентација и со тоа урна голем број рекорди.
Со хет-трикот против Алжир, Меси се изедначи со Мирослав Клосе на вечната листа на стрелци на Светските првенства.
Меси стана и најстариот стрелец на хет-трик, како и два гола на натпревар од Светското првенство. Аргентинскиот магионичар ги сруши рекордите на Камерунецот Мила и најголемиот ривал Португалецот Кристијано Роналдо.
Тој стана вториот играч во историјата на фудбалот кој постигнал голови на пет различни Светски првенства, прв беше Кристијано Роналдо. Сепак, Португалецот ќе има можност да постави нов рекорд и да постигне гол на своето шесто Светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
