Сите ривали во Лигата на нации: ЕВРО 2024 не е невозможна мисија за Македонија

Поразот од Ерменија значеше освојувањето на второто место во групата од Лигата на Нации, воедно и останување во Ц-групите од ова натпреварување во следниот циклус, кој воедно ќе носи и билети за ЕВРО 2024 во Германија. Првиот впечаток при погледот на ривалите е дека станува збор со селекции со кои можеме да се надигруваме и да ги победуваме, па со малку среќа во ждрепката Македонија повторно би атакувала на првото место во групата и би се вмешала во финалните битки за билет за ЕП.

Покрај Македонија, дел од групите Ц од Лигата на Нации остануваат и селекциите на Грузија, Грција, Косово, Белорусија, Литванија, Луксембург и Азербејџан. Како најдобри од Д групите потенцијални ривали на Македонија се Гибралтар и Фарските Острови, додека од Б-групите испаднаа Словачка, Бугарија, Северна Ирска и Турција, која според квалитетот се чини најдобра од сите останати репрезентации.

Ова се вкупно 14 селекции, а плеј-оф за опстанок во Лигата Ц ќе играат Кипар, Естонија, Молдавија и Казахстан. Две од овие селекции ќе останат во Лига Ц, а две ќе испаднат во Лига Д. Плеј-офот за опстанок во Лига Ц ќе се игра во март следната година.

Се вчитува...