Сите ривали во Ц-дивизијата: Сосед до сосед – Бугарија, Грција, Косово, Албанија…

Македонската фудбалска репрезентација успешно го заврши својот настап во групната фаза од Лигата на Нации, што сам по себе значи скок во еден ранг поквалитетните групи од ова новоформирано натпреварување.

Со самото тоа, „црвено-жолтите“ во наредното издание од Лигата на Нации ќе бидат дел од групите Ц, со ривали поквалитетни од Гибралтар, Лихтенштајн и Ерменија. Со денешното комлетирање на сите групи веќе е јасен и изгледот на Ц дивизијата за следното издание, со сите потенцијални ривали на Македонија.

Од селекциите што испаднаа од групите Б сега во Ц-лигата ќе се натпреваруваат Словачка, Турција, Северна Ирска и Република Ирска. Заедно со Македонија од Д во Ц групите „скокаат“ Груција, Косово и Белорусија, додека „староседелци“ ќе останат : Израел, Албанија, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија и Црна Гора. Грција беше последна во својата група, но бидејќи стануваше збор за група со три селекции, резултатите на Грците беа споредувани со оние на останатите третопласирани репрезентации (Албанија, Црна Гора и Кипар), па како најслаба од Ц дивизијата испадна селекцијата на Кипар.

Секако, до новата сезона има доволно време, а најпрвин – Македонија ја очекува атакот на место на ЕП 2020, со полуфиналниот дуел против Косово што ќе се игра во Скопје во март 2020 година, како претпоследен испит на патот до првото големо натпреварување во историјата на македонскиот сениорски репрезентативен фудбал.

Се вчитува...