Сите сме Македонија: Цела делегација во еден глас навива за Георгиевски (ФОТО)

Таеквондистот Дејан Георгиевски обезбеди медал на Летните олимписки игри во Токио откако славеше во полуфиналето во категоријата над 80 килограми.

Тој со победата над Кореецот Ин Кјо Дон, обезбеди финална борба против Русинот Владислав Ларин која е на програмата во 14.45 часот.

Иако немногубројна македонската експедиција заедно навиваше во еден глас за нашиот таеквондист. Покрај директорот на Македонскиот олимписки комитет Владимир Богоевски и колегите од тимот, поддршка за Георгиевски од трибините даде и џудистката Арбреша Реџепи заедно со нејзиниот тренер Горан Мицкоски.

 

Се вчитува...