“Граѓаните” го декласираа Ливерпул во меч само за престиж

Манчестер сити убедливо со 4-0 славеше против Ливерпул во дерби пресметката од 32.коло во Премиерлигата.

Во натпревар без никакво резултатско значење “граѓаните” комплетно го надиграа новиот англиски шампион. Уште во првото полувреме, со головите на Де Брујн во 25.минута од пенал, Стирлинг во 35.минута и Фоден во 45.минута, Манчестер сити дојде до убедлива предност од 3-0.

Во второто полувреме, со автоголот на Чембрлен се заокружи на 4-0.

Со оваа победа Манчестер сити единствено дојде до негатива од 20 бода од Ливерпул.

Се вчитува...