Сити го договори „новиот Агуеро“ од Аргентина

Манчестер Сити минатото лето не успеа да го доведе Хари Кејн, а како што стојат работите „граѓаните“ ниту во 2022 нема да го ангажираат капитенот на Тотенхем во своите редови.

Пеп Гвардиола инсистира на нов голгетер, управата на клубот му ја исполни желбата на својот тренер, но наместо играч со европско реноме договорено е доаѓање на врвно засилување од Јужна Америка. Станува збор за Аргентинецот Хулијан Алварез, ас на Ривер плејт кој беше поврзуван со неколку европски гиганти, но по последниот развој на настаните ќе заврши во Манчестер.

Овој суперталентиран голгетер беше многу блиску до Барелона, но каталонците во последен момент се премислија и на почетокот од 2022 година го ангажираа Феран Торес. Сити ќе ги искористи токму парите од оваа продажба на Торес за да го доведе Алварез. Сумата на трансферот ќе изнесува 24 милиони евра, а клучна се покажа подготвеноста на англискиот првак да го остави Алварез на позајмица во Ривер во наредните шест месеци, по што Аргентинецот дури во јули би се преселил во Манчестер.

Се вчитува...